Анонимен пар побарал лекарска помош поради неможност да зачнат, но дознале многу непријатна вест. За да бидат подложени на ин витро, морало да ги направат сновните испитувања, меѓу кои се и генетските.
Лабораторискиот техничар кој ги правел тестовите сфатил дека е можно сопружниците да се во сродство, па го информирал лекарот кој ги водел, пишува Мисиссипи хералд.
– Прво што си помислив е дека се роднини, зашто се случува по некогаш. Сепак, посматрајќи ги примероците подобро, сфатив дека има премногу преклопувања,вели лекарот.
Кога било востановено дека се родени на ист ден, лекарите решиле да им ги соопштат непријатните вести.
– Кога им јавивме дека се близнаци, се насмеаја и рекоа дека многу луѓе им рекле дека си личат. Но, кога им го покажавме ДНК тестот, сфатија дека не се работи за шега.
Со понатамошните испитувања дознавме дека родителите на близнаците загинале во сообраќајна несреќа додека биле бебиња, а никој од роднините не сакал да ги посвои. Поради грешка во пополнувањето на формуларите, семејствата кои ги посвоиле не знаеле дека децата имаат биолошки брат, односно сестра.
Братот и сестрата се запознале на факултет и почнале да се забавуваат.
Во моментов закрепнуваат од шокот и размислуваат во кој правец да продолжат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.