| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп се закани со војна: „Искрено, немаме друг избор“

Само по 10 минути по изјаснувањето на неговиот советник за национална безбедност, дека сите опции се на маса, преку Твитер се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп.

tramp za s korea

Без да прецизира за што станува збор, Трамп објави:

-Нашата војска се унапредува и забрзано станува посилна од било кога. Искрено, немаме друг избор.

Трамп не напиша дали овој твит се однесува на кризата со Северна Кореа, но секако не е случајно што американскиот претседател да даде ваква изјава токму на денот кога Северна Кореа, иако неуспешно, лансираше ракета од досега непознат модел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top