Б.Д. (39) од скопското село Инџиково вчера попладне бил нападнат од четири лица. Го натепале и му ги одзеле паричникот во кој имало 4.000 денари, документите и мобилниот телефон.
Настанот се случил окоу 15 часот кога Б.Д. во паркот „16-те Маченици“ наишол на паркирано возило од кое излегло едно непознато лице со медицинска маска, капа и наочари и му побарало запалка по што го фатило за рака и го турнало во возилото, каде биле останатите три непознати лица, исто така маскирани. Еден од разбојниците имал и нож во раката.
Лицето кое го турнало Б.Д. во возилото почнало да го удира со тупаници во пределот на главата, при што Б.Д. добил видливи повреди. Во меѓувреме, друго лице му ги одзело паричникот, документите и мобилниот по што го исуркале од возилото и го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.