| четврток, 6 декември 2018 |

Тринаесетгодишник се самоуби по грешка во живо на „Инстаграм“

Тринаесетгодишно момче случајно се застрела и смртно се рани, додека се обраќал во живо преку неговиот профил на „Инстаграм“.

1

Несреќата се случила во понеделникот, кога Малачи Хемфил од Атланта си играл со пиштол, кој по грешка испукал. Момчето веднаш било пренесено во болница, но таму само била констатирана смрт, пренесува „Њујорк пост“.

Во моментот на несреќата, Малачи бил во неговата соба. Крвавото тело го пронашле неговата мајка и сестра.

Американската полиција истражува како пиштолот стигнал во рацете на момчето.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top