| четврток, 6 декември 2018 |

Ивица Дачиќ: Не верувам во љубов во поранешна Југославија

Српскиот премиер Ивица Дачиќ вели дека државите од Западен Балкан треба да ги дефинираат заедничките интереси, за потоа на нив, а не на љубов да се заснова идната соработка, јавува „Б 92“

Премиерот на Србија оваа порака ја испрати од регионалниот Самит 100 бизнис лидери на југоисточна Европа кој се одржува во Бечичи.

-Мораме да бараме заендички интереси. Не верувам во љубов меѓу поранешните југословенски народи и народности, бидејќи ако таа искрено постоеше, немаше да се водат војни. Верувам во заеднички интерес. Ако сме способни да го најдеме, ќе имаме силен регион, рече Дачиќ на завршната панел дискусија на дводневниот самот на кој претставниците на владите од државите во регионот говореа на тема: „Договор за ново време“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top