| четврток, 6 декември 2018 |

Се бараат сезонци на Јадранот, условите и платата подобри од било кога

Хрватска има недостиг на угостителски работници за време на летната сезона. Побарувачката е голема, а угостителите спасот го бараат во најмување на работници од околните земји.

Оваа година на Хрватска ќе и бидат потребни 40.000 работници. Се бараат луѓе за работа во кафулиња и ресторани.

Заработката на сезонските работници во Хрватска се движи од 600 до 2.000 евра. Плус имаат сместување, храна, а оние со двојно државјанство можат да очекуваат и платени придонеси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top