| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се причините што Велигден е секогаш на различен датум ?

Добро ни е познато дека големиот празник Велигден секоја година се паѓа на различен датум, и веруваме дека многумина од нас се запрашале зошто неделата за Велигден може да падне помеѓу 22 март и 25 април? И зошто источните православни цркви го слават Велигден на различен ден од западните цркви? Ова се добри прашања за чиј одговор е потребно мало објаснување. Всушност, постојат онолку недоразбирања околу калкулациите за датумот за Велигден колку што има причини за конфузија.

Ова што следува е обид да се расчистат барем некои од конфронтациите.

Краткиот одговор

Во сржта на проблемот лежи многу едноставно објаснување. Најстарите верници во малоазиската црква сакале да го задржат одбележувањето на Велигден во корелација со еврејскиот Пасха затоа што смртта, погребувањето и воскреснувањето на Исус Хирстос се случиле по Пасха, па тие сакале секогаш Велигден да се слават по Пасха. А затоа што еврејскиот календар на празници е заснован на соларните и лунарните циклуси, секој празник се менува, а датумите се преместуваат од година во година. Ете, оттука објаснувањето станува уште покомплицирано.

Долгиот одговор

Денес во западното христијанство, Велигден секогаш се слави во недела, веднаш по полна месечина на Пасха во годината. Претходно погрешно напишав дека „Велигден секогаш се слави во недела веднаш по првата полна месечина по пролетната рамнодневица“. Ова било точно се до 325 г.н.е.; но со текот на времето, (од 325 г.н.е. на Соборот во Никеа) западните цркви одлучиле да воспостават постандардизиран систем за одредување на датумот за Велигден.

Всушност, датумот за полната месечина на Пасха се одредува според историски табели и нема никаква врска со лунарните циклуси.

Како што астрономите можеле да ги пресметаат датумите за сите полни месечини во следната година, западната христијанска црква ги користела овие пресметки за да направат табела за датумите за еклацистичка (црковна) полна месечина. Овие датуми требало да ги одредат Светите денови на црковниот календар.

Модифицирани малку од својата првобитна форма, во 1583 година табелата за одредување на датумите за црковната полна месечина бил постојано воспоставена и оттогаш се користи за да се одреди датумот за Велигден. Од тука, според црковната табела, полната месечина за Пасха е првиот датум за полна црковна полна месечина по 20 март (кој во 325 г.н.е. се погодил да биде на пролетната рамнодневица), па во западното христијанство Велигден секогаш се прославува во недела веднаш по полната месечина на Пасха.

Полната месечина на Пасха може да варира за два дена од датумот на вистинската полна месечина, а датумите се движат од 21 март до 18 април. Како резултат на тоа, во западното христијанство датумите за Велигден можат да варираат од 22 март до 25 април.

Источните наспроти западните велигденски датуми

Во историјата, западните цркви го користат Грегоријанскиот календар за да го пресметаат датумот за Велигден, а источните христијански цркви го користат Јулијанскиот календар. Ова е делумно причината зошто понекогаш датумот паѓа на ист ден.

Велигден и поврзаните со него празници не паѓаат на фиксен датум, ниту во Грегоријанскиот, ниту во Јулијанскиот календар, и тие се подвижни (менливи) празници. Наместо тоа, датумите се засновани на лунарниот календар, кој е многу сличен на хебрејскиот календар.

Иако некои источни православни цркви не само што ги одредуваат датумите за Велигден според Јулијанскиот календар, кој се користел за време на Првиот екуменски собор во Никеа во 325 г.н.е. тие исто го користеле и актуелниот (во тоа време) астрономски календар за одредување на полна месечина и актуелната пролетна рамнодневица како што се набљудувала долж меридијанот на Ерусалим. Ова го комплицира проблемот заради неточноста на Јулијанскиот календар и 13-те дена кои се предмет на расправи уште од 325 г.н.е. Ова значи, со цел да се остане во корелација со оригиналната табела воспоставена во 325 г.н.е. и пролетната рамнодневица, православниот Велигден не може да се слави пред 3 април, кој според Грегоријанскиот календар паѓал на 21 март во 325-та г.н.е.

Покрај ова, во придржувањето кон правилото кое било воспоставено на Првиот екуменски собор во Никеа, источната православна црква се води според традицијата дека Велигден мора секогаш да паѓа по еврејскиот Пасха, затоа што воскреснувањето на Исус се случило по прославата на Пасха. На крајот православната црква излегла со алтернативно сметање за Велигден на основа на Грегоријанскиот календар и на Пасха и развиле 19-годишен круг, како спротивност на 84-годишниот круг на западната црква.

Уште од раните денови на историјата на црквата, одредувањето на прецизен датум за Велигден е предмет на континуирани дискусии. За едни, следбениците на Христа занемариле да го забележат точниот датум на воскреснувањето на Исус. Од тогаш, овој проблем станува се покомплексен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top