| четврток, 6 декември 2018 |

Фил Џексон потврди, Кармело Ентони си заминува од Њујорк

fil dzekson

Ѕвездата на Њујорк Никс, Кармело Ентони ќе си замине од клубот, откако и Фил Џексон потврди дека нема простор за соработка.

– Сигурен сум дека за него како кошарка подобро ќе биде да си замине во друг клуб. Ние ќе пронајдеме нова ѕвезда околу која ќе го градиме тимот – рече Џексон.

Ентони има уште две години од договорот со Њујорк, а тие две години ќе го чинат клубот од „големото јаболко“ 54 милиони долари. Лос Анџелес Клиперс, кој веќе еднаш имаше неуспешен обид да го ангажира Ентони, е најсериозен кандидат да го ангажира во своите редови од почетокот на идната сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top