Досега сигурно знаевте дека вашиот хороскопски знак открива многу за вашата личност, но што вели големата торба на вашето рамо, слушалиците на ушите или маската за телефон? Еве што велат британските експерти, кои се занимавале со истражување за врската помеѓу модниот стил и личноста.
Преголема торба или ранец
Секогаш сте во движење и подготвени за акција, практични и подготвени за сите непредвидени ситуации. Вас ништо не може да ве изненади.
Огромни обетки
Одвлекуваат внимание и говорат за храбра личност која не се плаши храбро да го искаже својот автентичен стил, од класичен, до лежерен и гламурозен.
Мачкасти очила за сонце
Вие сте романтични, сентиментални и склони кон идеализирање на емотивните партнери, а вашата женствена природа едноставно бара начин да побегне од уморното секојдневие.
Слушалки на уши
Не само што ја сакате музиката, туку тешко ви е да го преживеете денот без неа, затоа постојано сте опкружени со уметнички души, книги и филмови кои ве инспирираат. Многу сте креативни и упорни.
Необична маска за мобилен телефон
Ексцентрични сте и не поднесувате стеги, ни ограничувања, а вашиот стил е препознатлив и оригинален. Кој не би сакал дополнителен пар уши на мобилниот телефон?
Класични очила
Вие сте кралица на елеганцијата, се држите до класиката и тоа се гледа по вашата гардероба и модни додатоци. Меѓутоа, вие тоа умеете да го носите, како да сте се родиле со тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст