Двајцата најдобри македонски арбитри Александар Ставрев и Димитар Мечкаровски ќе ги судат реванш натпреварите од полуфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија.
Ставрев заедно со помошниците Марјан Кировски и Дејан Костадинов ќе ја дели правдата на дуелот во Тетово во кој бранителот на трофејот од лани Шкендија ќе започне со предност од 3-1 во дуелот против актуелниот шампион Вардар остварена по првата средба одиграна во Скопје.
На натпреварот во Битола кој ќе се игра на стадион „ Тумбе кафе“ во кој Пелистер и Брегалница ќе започнат од 2-2 по првиот меч, правдата ќе ја дели Димитар Мечкаровски кому ќе му помагаат Дејан Неделковски и Гоце Петрески.
Двата реванш полуфинални натпревари во Купот на Македонија на програмата се на 19 април, а ќе се играат во терминот од 16 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.