| четврток, 6 декември 2018 |

„Сексот согорува калории“ и други лаги

Вистината за афродизијаците, желбите на мажите и жените, е многу поинаква од митовите кои владеат во „креветот“. И што е најважно – зад сè стои науката! Ова се најголемите митови за сексот.

Сексот согорува калории и помага да ослабнеме

Експертите проценуваат дека за време на 30-минутен секс согоруваме 85-150 калории. Во теорија, потребно е да согориме 3.500 калории за да изгубиме половина килограм од тежината. Тоа значи дека е потребно да имате секс 35 пати за да изгубите половина килограм. Меѓутоа, за повеќето луѓе сексот е пократок од 30 минути, поточно, за многумина сексот трае околу 5 минути.

Од сексот може да се добие срцев удар

Повеќе секс значи поздраво срце. Мажите кои имаат секс два, или повеќе пати неделно, имаат значително помал ризик да доживеат срцев удар. Поточно, шансата мажот кој не пуши и нема дијабетес, да добие срцев удар изнесува еден наспроти милион. Дури и доколку имате проблеми со срцето, физичката активност која повеќето луѓе ја вложуваат во сексот е еднаква на искачување по скали до втор кат.

Ништо од оргазам ако носите чорапи

Една секс студија спроведена во Холандија, следела мажи и жени кои се обидувале еден на друг да си пружат оргазам. Во просторијата за следење наводно било малку поладно и многумина се жалеле дека буквално имаат ладни петици. Кога научниците на учесниците им дале чорапи за да ги загреат нозете, значителен број од нив успеале да дојдат до оргазам.

Остригите и чоколадата се афродизијаци

Не постои студија која успеала да покаже дека остригите на било кој начин влијаат врз нашата сексуалност. Тие содржат доста цинк, кој е потребен во спермата за да биде здрава, но покрај тоа не содржат никаква состојка која би ни помогнала во спалната соба. Од друга страна, неколку истражувања покажале дека чоколадата може да го намали крвниот притисок и позитивно да влијае врз крвотокот, што може да помогне при ерекција кај мажите. Чоколадата исто така стимулира отпуштање на мали количини од хормонот на среќа – серотонин – во нашиот систем, а личностите кои се добро расположени почесто се заинтересирани за секс. Сè на сè, доколку некоја храна ги натера луѓето да помислат на секс – веднаш ја прогласуваме за афродизијак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top