| четврток, 6 декември 2018 |

Тринаесетгодишна Србинка роди девојче

Во Србија 13-годишно девојче стана мајка и влезе во историјата. Тринаесетгодишна Србинка роди девојче, пренесе белградското радио Б92. Младата родилка од Ниш, чиешто име не се соопштува, е примена на клиниката „Народен фронт“ и вчера со помош на царски рез се породила.

Детето тежи околу три килограми и е добро, а мајката е сместена на одделот за интензивна нега, но нема опасност за нејзиниот живот, додава медиумот.

Таткото на бебето е 15-годишен жител од Ниш, кој склучил брак со тинејџерката.
Младата родилка не ја криела својата бременост бидејќи откако бебето се појавило на виделина, нејзините родители биле меѓу првите луѓе кои дојдоа да ја посетат.

Србија е на прво место во Европа по бројот на малолетни родилки. Само во болницата „Народен фронт“ во 2015 година се родени 2.000 бебиња чиишто мајки немаат 18 години, информира во четвртокот „Б92“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top