Едно ново истражување спроведено од Холи Шакја од Калифорнискиот универзитет и Николас Кристакис од Јејл покажа дека секојдневното користење на Фејсбук го намалува нивото на среќа кај корисниците.
Во текот на истражувањето, кое траело од 2013 до 2015 година, следени се навиките на пет илјади возрасни лица кои користат Фејсбук како и влијанието на социјалните мрежи врз нивното ментално здравје, тежината и општата состојба.
Забележано е дека расположението кај корисниците, според нивните искази, паѓало до пет до осум отсто за секој поголем процент на бројот на лајкови, кликови на линкови и ажурирање статуси.
За тоа постои многу едноставна причина: лицата кои помалку користат Фејсбук имаат повеќе контакт со луѓето во реалниот свет.
Студијата тоа го потврди следејќи ги интеракциите на луѓето во реалноста. Средбите со луѓето во реалноста имале целосно поинакво дејство на луѓето од користење на социјалните мрежи.
– Резултатите покажаа негативна врска меѓу Фејсбук и позитивните емоции на кое многу поблаготворно дејствува интеракцијата во живо, отколку разговор на интернет- се наведува во заклучокот.
Предходната студија ја покажа врската меѓу користење Фејсбук и зголемувањето на случаите на депресија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.