| четврток, 6 декември 2018 |

Евакуирани 600.000 лица од Пјонгјанг, Ким подготвува воена активност

Сателитските снимки покажуваат дека полигонот за нуклеарни проби во Северна Кореја е „подготвен“ и во него е забележана раздвиженост.

На синоќешните снимки е забележано ново активирање во административната зона, кај северната порта и луѓе кои се движат околу командниот центар на пологонот Панџи-ри, тврди сајтот „38north.org“ на Институтот САД-Кореја.

Но, јужнокорејски воени претставници, цитирани од агенцијата Јонхап, наведуваат дека не забележуваат никакви „невообичаени знаци“.

Панџи-ри, е подземен објект, каде севернокорескиот режим од 2009 година изведува нукеларни проби. „Активирањето“ на местото беше забележано во септември, кратко време пред Северна Кореја да ја изврши петтата успешна нукеларна проба.

Јужнокорејските медиуми, пак, пренесуваат дека на една четвртина од жителите на главниот град на Северна Кореја, Пјонгјанг, наводно, им било наредено да ги напуштат домовите веднаш, бидејќи Ким Јонг-ун се подготвува за да преземе воена акција.

Рускиот весник „Правда“ додава дека 600.000 граѓани биле принудени веднаш да ги напуштат своите домови,  по предупредувањата дека Ким Јонг-ун планира „голем и важен настан“ утре, по неколкумесечно тестирање на нуклеарното оружје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top