СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Д.(45) од с.Јурумлери, скопско, за фалсификување на исправа и против Т.Т.(55) од истото село за помагање.
На 20 септември минатата година околу 16.00 часот Ј.Д. отишол во дворот на Т.Т., каде биле паркирани повеќе возила пред лимарскиот сервис. Ј.Д., откако добил дозвола од сопственикот на сервисот, Т.Т. извршил отштрафување на регистарските таблички од „застава 125П“ и ги истакнал на „мерцедес“, кој немал регистарски таблички.
После тоа со возилото се вклучил на локалниот пат Велес-Скопје при што направил сообраќајна незгода удирајќи велосипедист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.