| четврток, 6 декември 2018 |

Манчестер јунајтед и Арсенал во трка за потписот на дефанзивецот на Наполи

hisaj

Дефанзивецот на Наполи, Елсеид Хисај, сезонава е незаменлив на десната бековска позиција кај „наполитанците“ и со добрите партии ги алармираше големите клубови да го следат неговиот развој. Манчестер јунајтед и Арсенал се двата тима кои се посериозно ги следат настапите на албанскиот интернационалец, најавувајќи дека во текот на летниот преоден рок ќе испратат понуди за негов ангажман. Албанскиот репрезентативец по три сезони и одиграни повеќе од 100 натпревари во дресот на Емполи се пресели на „Сан Паоло“, а веќе втора година е стандарден во составот на Маурицио Сари. Хисај во договорот има клаузула од 50 милиони евра, но англиските гиганти би сакале да ја спуштат оваа сума до околу 30 милиони евра.

Арсенал се наоѓа во ситуација каде може да го загуби Белерин, најмногу притиска Барселона за неговите услуги, додека Мурињо сака да има уште еден десен бек на располагање покрај Валенсија, бидејќи по сите изгледи Дармијан летово ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Неговиот агент изјави дека фудбалерот на Наполи ќе замине од тимот само доколку клубовите ја исплатат неговата клаузула, ништо помалку. Како и Наполи, и Хисај има амбиции да го освои Скудетото, па не гледа причина зошто неговиот клиент би заминал од тим кој има амбиции да се бори за титули. Сепак, богата понуда од Премиер-лигата би можела да ги промени неговите планови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top