Кренан Таири од скопската општина Бутел, на 8 април, го освои 38от МИЛИНЕР ЏЕК ПОТ на Државна видеолотарија. Добивката вредна 1.230.149 денари е освоена во Спорт Лаиф Трејд на улица Водњанска во Скопје.
Кренан Таири ја продолжува низата милионери во април. Тој е вториот среќен добитник на МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ за овој месец. Својата вредна добивка од 1.230.149 денари ја освоил на 8ми април. Таири повремено игра на видеолотариските терминали на Државна видеолотарија, но немал преголеми очекувања за добивките. На добитниот ден, влегол да уплати ливче за својот пријател и случајно додека чекал, одлучил да си ја испроба среќата. Во првиот момент, кога го слушнал сигналот кој ја означува најпосакуваната добивка, не сфатил што се случува точно. Но, кога сите се собрале околу него, му станало јасно дека посакуваната добивката МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е во негови раце.
Кренан е уште под импресии на среќниот миг, па нема прецизен план за тоа како ќе потроши 1.230.149 денари.
Добивките ЏЕКПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 38 Милионер џекпот добивки во вкупен износ од 56.414.488 денари. Покрај нив, освоени се и 5122 мини-џекпот добивка во вкупен износ од 38.432.669 денари. МИНИ-ЏЕКПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.