Голем дел од спортските личности во своите домови чуваат по некое милениче, било да е маче или пак куче, но некои од нив покрај себе имаат и вистински чудовишта. Па така, меѓу најинтересни се „милнечињата” на НБА кошаркарот, Двајт Хауард, голгетерот на Ница Марио Балотели, како и поранешниот американски рагбист Висант Шианку.
Хауард во својот дом има над 20 вида на змии за кои изградил посебна просторија во вредност од 70.000 долари. Чудно, зар не. Секако, честото прашање на гостите кои ќе влезат во домот на кошаркарот е „Дали гриза Мики?”
Ма, Мики нема да ви направи ништо, само што изеде младо теле, сит е. Тоа е моето бебе, одговорил шеговито Двајт.
Мики инаку е змија од три и пол метри и за неа има набавено подвижна камера со која ја следи во секој момент. Но тој, не е единствениот спортист кој се определил за змија. За тоа се определил и поранешниот бејзбол играч на Филаделфија, Ерн Симс.
Кога бев мал ме привлекуваа змиите. Имав неколку, а по нив започнав да купивам и мали игуани, како и разни гуштери. Најнови гости ми се малите крокодили. Имам колекција и на кралски питони, а неодамна одбрав и плашливи змии, кои не се тешки за одгледување, треба да се нахранат еднаш дневно, констатираше Симс.
Италијанскиот фудбалер Балотели, пак, отсекогаш гледал да биде посебен, па така и овој пат. Доколку би го виделе во прошетка со куче, би било необично за него. Затоа си набавил свињи, а освен нив има и јастерб.
Интересно е тоа што поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, во својот дом има тигар.
Зошто би се определил за мачка? Посакувам да имам вистинско животно во домот. Нешто поелаастично и по опасно, изјавил Тајсон.
Америкаснкиот рагбист, Висант, можеби ги има и најчудните миленици во својот дом. Се работи за африкански творови, кои ги нарекол Смоук и Ги.
Премногу ги сакам. Кога патувам, многу ми недостасуваат. Тоа се посебни видови африкански творови. Не се премногу смрдливи колку што сите мислат, изнанади Висант.
Што се однесува до останатите миленици, швајцарскиот тенисер Роже Федерер, во 2003 година откако го освои Вимблдон се најде во проблеми. Тој од организаторите ја доби Џулиета – 800 килограми тешката крава.
Морам да ја поздравам и нахранам секој ден, ми нема спас, прокоментирал Федерер, кој верно и се посвети на кравата.
Поранешниот бејзбол играч на Питсбург, Рос Олендорф, пак, обожава бикови, а во својот двор има над 300.
Имам над 300 бикови. Ја сакам мојата фарма. Тоа се прекрасни животни, заврши Олендорф.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.