| четврток, 6 декември 2018 |

Собранието ќе ја продолжи конститутивната седница

sobranie-pratenici

Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи 12-тото продолжение на конститутивната седница на која се расправа за изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

И вчерашното продолжение се одвиваше со процедурални забелешки, реплики и контрареплики. Пратениците дебатираат за тоа за која точка да се расправа. СДСМ бараше да се премине на четвртата точка од дневниот ред, односно за избор на претседател на Собранието, додека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не се согласуваше со тоа бидејќи според нив тоа е спротивно на Деловникот. Тие инсистираа најпрвин да се исцрпи расправата за изборот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Согласно договореното, во Комисијата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.

За членови од ВМРО-ДПМНЕ се предложени Илија Димоски, Антонио Милошоски, Крсто Мукоски, Даниела Рангелова, Димитар Стеванаџија и Благица Ласовска, од СДСМ Горан Мисовски, Дамјан Манчевски, Петре Шилегов, Мухамед Зекири и Ивана Туфегџиќ, од ДУИ Џеват Адеми и Зеќирија Ибрахими од БЕСА.

Конститутивната собраниска седница почна на 30 декември 2016 година, но беше прекината бидејќи не беше обезбедено парламентарно мнозинство за избор на претседател на законодавниот дом.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top