Бомбашкиот напад на автобусот на Борусија Дортмунд допрва ќе се расветлува, а германската полиција интензивно трага по сторителите. Во меѓувреме, се прават и анализи за евентуалните последици кои можеа да бидат и многу пострашни, доколку автобусот не бил опремен со непробојно стакло. По трите страшни експлозии, ова стакло е скршено на две места, токму од него настрада раката на дефанзивецот Марк Бартра кој синоќа беше и опериран, но јасно е дека сепак е избегната многу поголема трагедија.
Доколку стаклото не било со таков квалитет, можел да се случи вистински масакр, а животот да го загубат голем број фудбалери на Борусија Дортмунд, како и членови на стручниот штаб.
– Ова засега го водиме како случај за убиство. Пронајдено е и писмо на местото на инцидентот, но се уште се утврдува неговата автентичност. Ќе сториме се за да ги откриеме сторителите, но засега не можеме да откриеме ништо повеќе – изјави истражниот обвинител на овој случај, Сандра Лике.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.