Сообраќајот на патниот правец Свети Николе – Штип денеска ќе биде пренасочен на делницата од клучка кај село Кадрифаково од регионалниот пат 526 на магистрален пат А3 и обратно до Клучка кај село Три Чешми по новоизградената коловозна лента.
Пренасочувањето ќе се врши од 14 часот поради изведување градежни работи на магистралниот пат А4 делница Свети Николе – Штип.
Поради асфалтирање во прекин во двата правци од 13 до 17 часот е и сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар на делот од Бошков мост до Мелнички мост. Според информациите од Авто мото сојузот на Македонија, овој патен правец ќе биде затворен до утре.
На останатите патишта низ државата соображајот се одвива по суви коловози.
Надвор од градските средини сообраќајот е умерен, а на граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст