| четврток, 6 декември 2018 |

Бил мртов 48 минути: Овој свештеник вратил меѓу живите и тврди дека се сретнал со Бог

Еден католички свештеник од Америка тврди дека Бог всушност е жена, откако официјално бил мртов 48 минути после срцев удар.

Отецот Џон Мајкл О’Нил (71) на кратко заминал на небото и го запознал Бог, додека докторите се бореле за неговиот живот во болницата во Масачусетс.

Иако докторите мислеле дека Џон претрпел оштетување на мозокот, тој се разбудил 48 минути подоцна и се опоравил од срцевиот удар.

Свештеникот потоа изјавил дека бил опседнат со чувство на безусловна љубов кога го запознал Бог, кој го опишал како мајчинска фигура, обсјаена со силна светлина.

-Имаше нежен и смирен глас. Фактот дека Бог не е Светиот Татко, туку Светата Мајка не ме вознемирува и таа е сето она на кое се надевав – изјави свештеникот.

Тој додал дека сака да ги продолжи проповедите и да ги подели своите нови сознанија.

-Бог е голем и семоќен, паралелно на тоа што е жена – изјави свештеникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top