| четврток, 6 декември 2018 |

Порака од Кичево:Нема да дозволиме државата да ја водат политичари кои претходно не се откажале од тиранската платформа

Во Кичево и вечерва се одржа протестен марш на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Пред платото на Домот на културата во Кичево на граѓаните им се обрати Даме Силјаноски од иницијативата.

– Драги сограѓани Македонци, Албанци, Турци, Роми, Влаци, Бошњаци, Срби и сите останати, оваа вечер треба да сме горди кичевци бидејќи е чест да се биде дел од масовните протести во нашата татковина со една цел – заедничка унитарна Македонија за сите нејзини граѓани. Не се согласуваме и нема да дозволиме државата да ја водат политичари кои претходно не се откажале од тиранската платформа, рече Силјаноски.

Македонија, како што рече, не смее да биде уценета, ни една влада нема да може да се формира доколку условот е прифаќање туѓи платформи кои се штетни за иднината на нашата заедничка татковина.

– И на 44-от ден не сме уморни и продолжуваме напред, рече Силјаноски и ги повика присутните на достоинствен протестен марш низ улиците на Кичево.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top