| четврток, 6 декември 2018 |

Диџеите Адаир и Џонс ќе настапат со Мартин Гарикс на „Скопје колинг“

Организаторите на „Скопје колинг“, „Авалон продукција“ информираа дека се познати сите детали околу останатите диџеи коишто ќе настапат заедно со MARTIN GARRIX на најголемиот музички настан ова лето во Скопје.

-Шоуто ќе го отвори ALEX ADAIR, млад диџеј од Британија во подем, чии ремикси за брзо време станаа вистински хитови и се вртени по сите светски радиостаници, а пред MARTIN GARRIX ќе настапи во моментов актуелниот диџеј ЈAX ЈONES кој во последниве неколку месеци е многу експониран со песната „You Don`t Know Me“ и кој ќе настапи со 90 минутен сет, велат оттаму.

Според нив, досегашната продажба на влезнииците за претстојниот фестивал SKOPJE CALLING 2017 покажува дека на овој настан ќе присуствуваат минимум 20.000 посетители од целиот регион, а влезниците по цени од 1.000 денари (ПАРТЕР), 1.500 денари (ФАН ПИТ), 1.500 денари (ВИП) и 2.000 денари (УЛТРА ВИП), можете да ги набавите преку продажната мрежа на Купи Карти За Се низ цела Македонија, системот Евентим за регионот и онлајн.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top