Стабилноста и безбедноста на Балканот е важна за Соединетите Американски Држави поради многу причини, пишува весникот „Вашингтон тајмс“.
Според весникот, Балканот е критично место за војните во Европа, а некои од нив однеле американски трупи на бојното поле.
„Тоа е една од причините што САД инвестираа милијарди долари од крајот на Студената војна. Одредени делови на регионот, исто така, се жаришта на исламскиот екстремизам, а многу Балканци се приклучија на страната на Исламска држава во Сирија. Во исто време, Русија е активна во регионот и се обидува да ги поткопа интересите на САД“, пишува „Вашингтон тајмс“.
Весникот наведува дека, според писмото што неодамна го испратија шест сенатори и конгресмени, организациите како Соросовата Фондација „Отворено општество“, користејќи средства од УСАИД ги зацврстуваат левичарските политички движења во регионот, што е во судир со американските интереси.
„Актерите како Русија ја користат претстојната политичка дестабилизација на антизападна агенда“, се наведува во текстот на „Вашингтон тајмс“.
Според весникот, стабилноста и безбедноста, во кои регионот ужива од доцните 90-ти години може да дојдат до работ на една голема разрешница, откако демократијата и доброто владеење се на тест.
„Само погледнете што се случува во Македонија. Малигното надворешно влијание во државата доведе до политичка парализа што ја тресе демократската основа. Ова треба да биде повик за будење на американските политичари“, пишува весникот „Вашингтон тајмс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст