| четврток, 6 декември 2018 |

Дамјан Неделковски пронајден мртов во Северна Дакота

damjan nedelkovski 2

Триесет и петгодишниот Дамјан Неделковски бил пронајден мртов крај реката Канонбол, Северна Дакота. Телото на Македонецот било пронајдено од локален рибар, во неделата наутро, пренесува „Ред пауер медија“.

Неделковски бил пријавен за исчезнат минатиот ноември, од страна на неговиот полубрат. Аутопсијата не покажала насилна смрт, но причините за смртта се уште не се утврдени.

damjan nedelkovski

– Телото не беше во распаѓање, како што би било ако останало пет месеци во вода – изјавил главниот истражител.

Неделковски живеел во Глендејл, Калифорнија. Според податоците од полицијата, на 28 октомври тој бил запрен од сообраќаец во Јужна Дакота заради брзо возење, по што кажал дека оди на протест. Возилото кое го изнајмил и со кое патувал кон Северна Дакота било пронајдено на 23 февруари. Полицијата уште тогаш почнала потрага по евентуално удавено лице во близина на кампот, но не било ништо пронајдено.

Шерифот на округот уште изјавил дека некој роднина на Неделковски со сомнева дека го забележал на видеоснимка од протестот на 2 февруари, но не е сигурен дека бил тој.

Во рамки на истрагата за смртта на Неделковски, полицијата ја проверува неговата кредитна картичка. Контактирано е со неговото семејство во САД и во Македонија.

Телото на Неделковски ќе биде пренесено во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top