САД ќе ја повикаат на одговорност секоја влада која врши злосторства врз недолжно население, изјави денеска американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.
– Повторно ќе се посветиме на повикување на осговорност на кого било и секого кој врши злосторства врз недоложно население каде било во светот, изјави Тилерсон на обраќање на комеморацијата за жртвите на нацистичкиот масакр во италијанскиото место Санта Ана ди Стажерна извршен во 1944 година.
Како што јави Си-Ен-Ен, Тилерсон престојуваше на комеморацијата пред почетокот на средбата на министрите за надворешни работи на Групата седум најразвиени земји во светот (Г-7), што се одржува во италијанскиот град Лука.
Собирот на Г-7 се одржува во услови на зголемени тензии во светот по американскиот ракетен напад врз сириска воздухопловна база во петокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст