| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановчани не се откажуваат – и денеска марш за заедничка Македонија (ФОТО)

Кумановци и вечерва се приклучија на маршот на иницијативата „За заедничка Макеоднија“ и уште еднаш упатија пораки зa зачувување на унитарноста и отфрлање на т.н тиранска платформа.
Тргнаа од соборниот храм „Свeти Никола“, поминаа низ централните градски улици и булевари, пеејќи македонски патриотски песни, и ги повикаа граѓаните да застанат на браникот на татковината.
Маршот заврши пред јарболот каде што се вее македонскто државно знаме. Учесниците ја испеаја Македонската химна, а говорниците упатија пораки да се зачуваат уставот на државата, територијалниот интегритет и суверенитет, да не се менуваат химната и знамето, да не се менува јазикот и се што ја чини, како што рекоа, суштината на унитарна Македонија.

kumanovo1-640x480 kumanovo2-640x480 kumanovo-2-640x480 kumanovo3-640x480 kumanovo4-640x480 kumanovo5-640x480 kumanovo7-640x480 kumanovo8-640x480

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top