| четврток, 6 декември 2018 |

Кремљ: Тилерсон во Москва нема да се сретне со Путин

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин за време на посетата во Москва, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Засега не е закажана никаква средба на претседателот со Тилерсон, посочи Песков.

Тој додаде дека такви контакти не се објавуваат претходно.

Песков наведе дека Тилерсон доаѓа во Москва на средба со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Портпаролот на Кремљ за минатонеделните воздушни напади на САД во Сирија истакна дека тоа укажува оти Вашингтон не сака да соработува за решавање на сириската криза. Песков додаде Според мировните преговори во Астана и во Женева немаат алтернатива.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top