| четврток, 6 декември 2018 |

„Турандот“ на сцената на МОБ со гости од Кина

Во среда, 12 април, 2017 г. со почеток во 20 часот, во Македонската Опера и Балет, ќе биде изведена спектакуларната претстава „Турандот“ на Џакомо Пучини. Минатата година „Турандот“ имаше нова премиера, со нова авторска екипа, нова режија, сценографија и костимографија и наиде на одличен одѕив , како кај публиката, исто така и кај критиката. Во „Турандот“ во среда имаме двајца несекојдневни гости од Кина.

Сопранот  Бинг Бинг Ван и тенорот Ворен Мок, двајцата од Кина, можеби се непознати за македонскатта јавност, но сакаме да истакнеме дека тие настапувале во големи продукции на повеќе светски оперски сцени.

Ќе настапат: Павлина Новакова-Георгиев, во насловната улога, во улогата на Калаф, кој ја интерпретира прославената арија NESSUN DORMA, ќе настапи Ворен Мок-Кина, Лиу: Бинг Бинг Ванг-Кина, Тимур: Владимир Саздовски, Пинг: Кристијан Антовски, Панг: Дарко Нешовски, Понг: Дејан Стоев, Мандарин: Диме Петров, Алтоум: Марјан Николовски, Принцот од Персија: Дарко Нешовски, Џелат: Тихомир Јакимовски. 

Режисер, сценограф и костимограф е Џанкарло дел Монако од Италија, инаку син на прославениот тенор Марио дел Монако, а диригент, Иван Еминовиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top