| четврток, 6 декември 2018 |

Рускиот Комерсант: главното прашање е кој организатор на протестите во Србија

Србија ја зафатија масовни протести заради резултатот на претседателските избори, а главното прашање е кој е нивниот организатор, анализира московскиот дневен весник Комерсант.

Весникот наведува дека формално демонстрантите протестираат против резултатот на изборите, но барањата со време се менуваат и како главно сега е наметнува барањето за промена на системот на власта.

-Овие протести многу потсетуваат на протестите на српската младина во 1996 и 1997 година- истите свирчиња и барабани, слични пароли и скандирња- анализира Комерсант додавајќи дека пред 20 години како резултат на протестите Зоран Ѓинѓиќ стана градоначалник на Белград.

-Главната непознаница останува кој е иницијатор на протестите. Учесниците тврдат дека никој не ги организира. Протестите ги подржуваат и радикалите на Шешељ и проруските Двери и проевропските партии во Србија. Некои руски политичари во протестите препознаваат знаци на „обоените револуции“ додека ЕУ ја поздравува победата на Вучиќ-  наведува рускиот дневен весник Комерсант.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top