| четврток, 6 декември 2018 |

Од мали сипаници во Бугарија почина бебе

Десетмесечно бебе од Пловдив починало од мали сипаници, откако на 29 март било примено со симптоми на болеста

Бебето не било вакцинирано, бидејќи не ја достигнало возраста од 13 месеци за имунизација и живеело во средина, каде имунизацијата била на пониско од потребното ниво на покриеност.

Во такви случаи болеста се одвива тешко, соопшти бугарското министерство за здравство.

Светската здравствена организација предупреди дека недоволната вакцинација на децата во повеќе земји од Европската унија е причина за голем број заболени од морбили.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top