Исламската држава, што ја презеде одговорноста за двата напади врз коптските цркви во Египет, се закани со нови напади.
ИД соопшти дека нападите во Египет ги извршиле двајца припадници на екстремистичката организација, кои на себе имале појас со експлозив.
Нападите беа извршени во градовите Танта и Александрија, стои во соопштението на ИД.
При нападите загинаа 44 лица, додека над 100 лица се повредени.
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси, по нападите, нареди распоредување на воени трупи во целата земја.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.