Трикратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон, утрово славеше убедлива победа на втората овосезонска трка која се возеше за Големата награда на Кина. Британецот во Шангај извози перфектна трка водството го имаше од самиот почеток до крајот и сосема заслужено стигна до првата победа оваа сезона, од вкупно 54. во кариерата.
– Сакам да му се заблагодарам на мојот тим, за добро изврешената работа. Вложивме голем напор, а сигурен сум дека така и ќе продолжиме. Ова беше навистина тешка трка за нас. Патеката беше многу сува, освен на одредени кривини, па среќен сум што успеав да го задржам болидот на патеката и што ги задржав пневматиците во одлична кондиција – по победата изјави Хамилтон.
Второто место му припадна на некогашниот шампион и сегашен возач на Ферари, Себастијан Фетел, додека пиедесталот го вкуси и Макс Верстапен од Ред Бул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.