| четврток, 6 декември 2018 |

Инфомакс: СДСМ ги мобилизира Албанците за да предизвика судир во вторник – Пресретната „Вибер“ комуникација со повици за војна пред Собрание!

Пресретната е скандалозна комуникација на „Вибер“ меѓу функционер на СДСМ во Арачиново и членови на локалниот разгранок преку која се открива дека Заев, најверојатно, наредил мобилизација на албанското криминално крило и дел од Албанците што гласале за СДСМ да му помогнат за на насилен пат да избере тирански претседател на Собранието и влада базирана на платформата од Тирана, објавува „Инфомакс“.

„Нашиот брат Ејди Зендели беше наместен од славомакедонската полиција на Груевски, му подметнаа дрога и го однесоа во затвор. Ваквата тортура врз Албанците мора да ја запреме,затоа да се мобилизираме од вторник и да му помогнеме на Заев да стави крај на малтретирањето на Албанците. Во 2001 бевме многу блиску до целосен успех, сега ние шансата да одиме до крај. Ова е наша држава“. Пишува во пораката на „Вибер“, која, како што дознаваме, е препратена до сите членови на СДСМ во Арачиново.

viber_poraki

Имено неколкупати досега Албанците блиски до СДСМ и до Сорос повикуваа на насилство, како што е примерот со Петрит Сарачини.

Петрит Сарачини ги нарече граѓаните што протестираат против тиранската платформа „смрад“ и дека тој треба да биде исчистен од ДУИ, Беса, Алијанса и СДСМ. За на тој начин да се направи влада.

petrit

Решението, според Петрит Сарачини, било во две реки народ, како што вели, една од Илинденска мислејќи на народот кој мирољубиво протестира, и друга од Јаја-паша, алудирајќи на Албанците кои живеат таму. Тој повикува двете групи да се „спојат кај Собрание и симболично и физички“ алудирајќи на отворен судир меѓу народот.

СДСМ сака пресметка со граѓаните и ризикува отворена граѓанска војна, за на тој начин да ја реализира тиранската платформа, чијашто реализација значи двојазичност на државата, промена на химната, грбот и знамето како и во крајна фаза федерализација на државата и нејзина дисолуција.

Нема да ви помине!

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top