| четврток, 6 декември 2018 |

Оваа убавина ја шекна Америка, а доаѓа од Македонија (ФОТО)

serdjo5Дека моделингот и здравиот изглед одат рака под рака е веќе докажано, но само оние кои се придржуваат до тоа правило и сериозно работат на себе се предодредени на успех.
Токму такво златно момче ни се врати од по светот и ни ја претстави неговата професија, се уште недоволно застапена на овие простори, а тоа е фитнес модел.

Серџо Спасов веќе три години е дел од модната агенција Моделс ИН од Скопје кои му помогнаа да изгради одлична кариера на модел и во САД.

Спасов кој по природа е амбициозен и решителен во меѓувреме ја откри формулата за успех во моделингот – фитнес тело и здрав изглед.

Од неодамна е повторно во Скопје, каде работи и подучува момчиња и девојки да изградат здраво и фитнес тело исклучиво на природен начин без никакви хемиски додатоци и суплементи.

Помеѓу неговите последни настапи беше и на Модниот Викенд кој неодамна заврши, на ревијата за Поаоло Бочели.

Бидејќи е ова една од најбараните професии на иднината, неговиот успех е загарантиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top