| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се десетте најозлогласени секти во светот

Станува збор за верски движења чии верувања се бизарни, а обичаите строги и чии лидери се секогаш харизматични. Голем број на луѓе имаат релативно заматена визија околу тоа што всушност е секта. Наједноставно, тоа се нови верски движења чии верувања се бизарни, обичаите строги а лидерите харизматични, и за нив се верува дека имаат посебни особини, карактеристични за пророците, пишува "How Stuff Works". Ова е преглед на 10-те најозлогласени секти во светот.

 

Црквата на соединување или Муновци
Основана од Сун Миунг Мун, кој тврди дека Исус Христос му се јавил кога има 16 години и го пратил да биде новиот Месија. Мун тврди дека ќе ги спаси само тие што ќе му бидат верни повеќе од 7 години и кои се венчаат за партнер кој тој лично ќе им го пронајде.

sekta

Рајнешпурам
Багваб Шри Рајнеш не бил традиционален индиски гуру: Тој поседува 93 Ролс Ројс-а и проповедал екстремна сексуалност. Во 1981 година купил земја во Орегон, каде што неговите следбеници го изградиле градот Рајнешпурам, кој броел 2.500 жители. Подоцна следбениците отруле околу 750 лица за да го намалат гласачкото тело и се кандидирале на локалните избори.

Божји Деца
Основана во 1960 година во Калифорнија од страна на свештеникот Дејвид Берг, оваа организација броела повеќе од 4.000 членови, мнозинството поранешни “хипици”. Поради либералната сексуална едукација, многумина ги осудиле за сексуална злоупотреба врз деца, а биле познати и по честите оргии, кои ги правеле за да привлечат нови членови. Сектата постои и денес, под името “Family International”.

Движење за обнова на 10-те Божји заповеди
Четири поранешни свештеници, две поранешни монахињи и една проститутка проповедале дека крајот на светот ќе се случи на 31 декември 1999 година. Кога тоа сепак не се случило, организирале голема забава за наводното пристигнување на Дева Марија на 17 март 2000 година. Меѓутоа кога ни тоа не се случило, на местото на нивниот храм биле пронајдени голем број на лешови. Се мислело дека се работи за масовни самоубиства, но на крајот се дознало дека се работи за масовно убиство. Извршителите никогаш не биле пронајдени.

Аум Шинрикио
Јапонецот Ашар Шоко прво отворил училиште за јога, по што го запознал Далај Лама и почнал да ги учи своите следбеници на комбинација од будизам, хиндуизам и христијанство. Набрзо стекнал многу следбеници, речиси 50.000 и полека започнал да ги подготвува за војна против владата. На 20 март, 1995 години, пет членови на сектата, во подземната железница во Токио убиле 12 лица додека 5.500 завршиле во болница.

Сончевиот храм
Основана во Женева во 1984 година, нејзините основачи Џосеф Ди Мамбро и Лул Журе тврделе дека се ближи крајот на светот и дека единствено ќерката на Ди Мамбро, Емануела ќе може да ги спаси, така што ќе ги однесе на планета која ротира околу ѕвездата Сириус. Во 1994 година, речиси биле сигурни дека крајот се ближи, па 53 члена биле убиени или се самоубиле, а зградите каде што се собирале биле запалени. Меѓу телата биле пронајдени и телата на основачите.

soncev hram

Давидовата гранка
Ова е христијански култ основан од Дејвид Кореш, кој тврдел дека сите жени се негови духовни сопруги, вклучувајќи ги и малолетните, па имало сомнение дека во сектата се случувале сексуални злосторства врз деца. Кореш дошол до огромни количини на оружје, што не им се допаднало на членовите од Одделението за алкохол, цигари и оружје. Сепак, тој не им дозволил влез на агентите и по повеќе од 50 дена опсада, повеќе од 80 членови погинале во пожар кој ја зафатил зградата на 19 април 1993 година.

Портата на рајот
Во 1970 година, Маршал Еплвајт и Бони Нетлс верувале дека тие се всушност пророци и почнале да проповедаат низ Калифорнија и Орегон. Тие проповедале дека спасот од Апокалипсата доаѓа во облик на вселенски брод. Кога во 1997 година, било најавено дека Халеевата комета се приближува кон земјата, членовите биле убедени дека станува збор за вселенскиот брод и сите 39 членови извршиле самоубиство.

Семејството Менсон
Чарлс Менсон целиот живот го минал во затвор, а во 1967 година се преселил во Сан Франциско, и околу себе собрал група млади луѓе кој подоцна ги нарекол “семејство”. За разлика од останатите организации, Семејството Менсон не се базирало на вера, иако Менсон бил заинтересиран за Сотонизам и Сиентологија. Сепак основната идеја била елиминација на црната раса. Така Меносн, го нарачал убиството на актерката Шерон Тејт и Абигејл Фолгер, а убијците напишале порака на ѕид со нивната крв. Менсон денес служи доживотна казна затвор.

Храмот на луѓето
Џим Џонс ја основал оваа секта на темел на социјалистички идеи и набрзо собрал голем број на следбеници. Помогнат од донациите, ја изградил населбата Џонстаум во Гвајана, тогаш социјалистичка земја во Јужна Америка.

Животот на групата се засновал на спартанско воспитување, страв и самопредизвикано понижување. Сакајќи да го види нивниот начин на живот, конгресменот Лео Рајан бил во Џонстаун, каде подоцна бил убиен од страна на членовите. Истиот ден Џонс ги убедил своите следбеници да пијат цијанид, по што починале 900 лица, од кои 276 биле деца.
hramot na lugjeto

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top