Ова што се случува веќе треба да добие име. Оваа криза не е платформска криза. Оваа криза е предизвикана од еден човек и тој човек има име, Зоран Заев. Сите негови досегашни лаги, шарени, со зајачка опашка овој народ нема да ги заборави.
Ова на денешниот протестен марш на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во Скопје го истакна Борис Дамовски, член на иницијативата.
-Секој ден доаѓаме тука и кажуваме колку не веруваме во Тиранската платформа и нејзината намера и колку веруваме во самите нас и во иднината на Македонија, порача Дамовски.
Вели дека за да не се дозволи друг да избира за граѓаните потребни се попис и избори.
Дамовски повика на уште поголема масовност на протестните маршови.
-Ни една борба не за вршила за два – три викенда. Ве повикувам да бидеме тука, да бидеме будни, потенцира Дамовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.