Република Македонија во европски рамки е лидер во почитување на правата на Ромите како рамноправна заедница со сите други заедници согласно нивните уставно загарантирани права, беше истакнато на денешната средба на претседателот Ѓорге Иванов со претставници на политичките партии на Ромите во Република Македонија по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 април.
7 Април 2017 17:44 Viber
ivanov
Заеднички е и заклучокот, како што соопшти Кабинетот на Иванов, дека е неопходно интензивирање на активностите од приоритетните области кои се дел од Националните акциони планови 2016 – 2020, со цел поефикасно имплементирање на заложбите за рамноправност, развој, интеграција и просперитет на ромската заедница во земјава.
– Овој дена ја афирмира потребата од поголема поддршка за ромската популација која активно работи на предизвиците со кои се соочува, рече Иванов на средбата и во овој контекст порача дека Македонија ќе продолжи да се залага за унапредување на правата на ромската заедница во македонското општество.
Претставниците на ромските политички партии истакнаа дека голема чест за нив претставува значењето кое претседателот Иванов го придава за правата на ромската заедница во Македонија и порачаа дека Ромите како интегрален дел од македонското општество ќе продолжат активно да партиципираат преку своите партии во политичкиот живот за натамошно унапредување на позицијата на Ромите на централно и на локално ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани