| четврток, 6 декември 2018 |

Ова се загинатите пилоти во авионската несреќа кај Шабац

Двата пилоти загинаа откако падна школксиот борбен авион „Супер галеб Г4“ на воената воздухопловна и противвоздушната одбрана на српската војска.

Телата на двајцата пилоти се пронајдени, неофицијално дознава српски Телграф. Во несреќата, како што пренесува порталот, никој од мештаните не е повреден.

Авионот се сруши денеска околу 10:30 часот во селото Слатин, за време на изведување на редовна летачка обука.

2222-640x360

Како што дoзнаваат српските медиуми од лице место, глетката која ја виделе мештаните била морничава.

Инаку, според најновите податоци, загинати се Ненад Чулибрик (роден 1968) и Дејан Пандуровиќ (роден 1978).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top