| четврток, 6 декември 2018 |

Воздушен напад врз сирискиот град Хан Шејхун

sirija

Сирискиот град Хан Шејхун денеска бил нападнат од неидентификуван воен авион, само неколку часови по американскиот напад врз воена база во централна Сирија, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човекови права.

Гранати биле испукани од авион во близина на центарот на градот, околу десет часот и 40 минути по локално време.

Во нападот нема жртви, но има голема материјална штета, соопшти Центарот.

Во гратчето Хан Шејхун во вторникот беше извршен напад со хемиско оружје, во кој загинаа 58 лица, а 170 беа повредени. Хан Шејхун се наоѓа во бунтовничка зона во северозападната сириска провинција Идлиб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top