Празник на радосната вест и на пролетната убавина. Именден празнуваат: Благоја, Благојка, Блаже, Благица итн.
Празникот Свето Благовештение се вбројува во постојаните празници и секогаш е на 7 април според новиот, односно на 25 март – според стариот календар. Меѓу народот повеќе е познат како Благовец, Благоец, Блошчојне и сл. и се смета за тежок празник поради што тогаш не се работи. Некои дури го сметаат за голем празник како Велигден поради што се вели: „Благовец прв ден Велигден“. Тогаш се оди на именден кај оние што имаат име Благоја, Блаже, Благојка, Благица и тн.
Поради тоа што Благовец е благ ден тогаш, се верува дека и раната не боли, па на малите деца им ги дупат ушите за убетки. Во Гевгелиско ушите ги дупеле рано наутро уште додека не јаделе за да не добијат краста.
Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници, штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот, славејот и др. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. За кукавицата се вели дека и таа радувајќи се на овој благословен ден отворала уста и кукала, но никогаш не кукала пред Благовец како што пупал пупунецот.
Се верува дека ако наутро гладен, како што се вели на гладно срце слушнеш некоја од овие птици, ќе те разбие и не ќе имаш напредок во текот на годината. Затоа луѓето веднаш по станувањето каснувале барем еден залак леб.
Според верувањето Благовец е благ ден не само за луѓето, туку и за птиците, имањето, (домашните животни), за ѕверовите, па дури и за арамиите. Многу животни што ја преспале зимата на Благовец ќе се разбудат и ќе се размрдаат, ќе излезат надвор од пештерите, дупките и другите живеалишта за да го видат благиот ден и да му се порадуваат.
Иако во некои места веруваат дека змиите излегуваат на празникот Свети четириесет маченици, во повеќето краишта излегувањето на змиите се поврзува со Благовец. Марко Цепенков оставил прекрасен запис за излегувањето на змиите и за други верувања поврзани со нив.
Иако паѓа во тешките велигденски пости, на Благовец се јаде риба. Дури тоа се смета и за потребно. Стефан Тановиќ забележал дека во Гевгелиско тоа се правело за здравје. Затоа и сиромасите се труделе да купат риба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…
-
Иванден е ден за лекување болести и за добивање потомство: Денеска Сонцето застанува три пати