| четврток, 6 декември 2018 |

Народот доаѓа по своето: Врие од народ на улиците по обидот на СДСМ насилно да го преземе претседавачкото место во Собранието (галерија)

Пораки за зачувување на унитарноста, јазикот, знамето и грбот, како и барање за отфрлање на т.н. тиранска платформа, упатија поддржувачите на иницијативата „За заедничка Македонија“ од денешниот 39. мирен марш во Скопје.

Sobranie bulduzeri Zdruzena Makedonija 39 (26) (Custom)

Учесниците на маршот ја поминаа вообичаената маршрута, од Владата до Собранието на РМ.

– И официјално денешниот обид на шверцерски начин да се избере претседател на Собранието не им успеа. Не им успеа и нема да им успее. Ова е голема победа за сите нас. По 39. дена решија да видат дали сме сериозни. Ако сакаат да не тестираат, да им кажеме дека имаме волја, енергија и дека ќе останеме тука и ќе правиме сè што треба за да си ја одбраниме државата – рече Богдан Илиевски, член на иницијативата.

Sobranie bulduzeri Zdruzena Makedonija 39 (13) (Custom)

Според него, формулата за победа е лесна, еден и пол час во денот посветени на Македонија. – Ако не беше граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, досега ќе избереа претседател на Собранието, ќе направеа инцидент. И власта ќе ја земеа тие што од Македонија сакаат да направат бинационална држава – посочи Илиевски.

Sobranie bulduzeri Zdruzena Makedonija 39 (15) (Custom)

Борис Дамовски дополни дека трпението на народот е огромно. – Со мир браниме мир, но знаеме и поинаку. Секој од нас е подготвен да ја брани Македонија. Стотици илјади луѓе се готови да ја земат правдата и да ја донесат конечно во Македонија, истакна Дамовски и додаде дека сите го знаат излезот од оваа криза, а тоа е, рече, спроведување попис и избори.

Sobranie bulduzeri Zdruzena Makedonija 39 (1) (Custom)

Милан Рисетвски нагласи дека сите сакаат да живеат во унитарна, заедничка држава, без да наметнува никој ништо. –  Не ми е разбирливо некој да сака толку многу да го силува македонскиот народ, освен потребата да задоволи некои сценарија. Не ми е гајле дали е платформа од Вашингтон или од некое село, таа е антимакедонска и ништо повеќе – рече докторот Милан Ристевски.

Sobranie bulduzeri Zdruzena Makedonija 39 (32) (Custom)

Масовни протести на иницијативата „За заедничка Македонија“ се одржуваат во повеќе градови низ државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top