| четврток, 6 декември 2018 |

Струмица обоена во „црвено-жолто“ – граѓаните порачаа: Да ја сочуваме Македонија за нашите деца и внуци!

Во Струмциа попладнево се одржа протест на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“. Учесниците на мирниот марш упатија пораки за зачувување на Македонија како единствена, мултиетничка и заедничка држава на сите граѓани.

17837852_1531484206862256_1468249617_o-640x360

– Редно е да се разбудат тие што спијат за да видат како Македонија сакаат да им ја направат Голема Албанија. Потоа да не им биде криво што не станале навреме да се борат за тоа што им припаѓа, а сакаат да им го одземат – домот – рече младата струмичанка Елена Стојанова.

Според Ангелина Ангелова, Македонија ја граделе нашите дедовци и прадедовци, а ние треба да ја сочуваме за нашите деца и внуци.

Пораки за унитарност, не за двојазичност, отфрлање на т.н. тиранска платформа, зачувување на јазикот, името, химната, знамето испратија уште говорници од пред споменикот „Гоце Делчев“. Граѓаните потоа тргнаа во мировен марш низ централното градско подрачје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top