Пред платото на Домот на културата во Кичево и денеска се одржа протест на иницијативата „За заедничка Македонија”.
На собраните граѓани им се обрати Даме Силјаноски кој истакна дека деновиве, некој, наместо почитување на гласот на народот, сака да воведе насилство во центарот на демократијата, во македонското Собрание.
– Никој нема да си поигрува со нашите чувства, им порачуваме уште еднаш да не пребројат, да не видат и да не слушнат колку сме, додека има време нека ни се придружат оти веќе излеговме и враќање назад нема. Одовде, од центарот на Кичево, уште еднаш даваме безрезервна подршка на преседателот Ѓорге Иванов да не подлегне да никакви притисоци и закани, да истрае, бидејќи со него е народот и нема да дозволиме никој друг да ни кажува што е најдобро за нашата татковина, рече Силјаноски.
Народот нема да се откаже, нагласи, од борбата за татковината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст