| четврток, 6 декември 2018 |

Кафански хороскоп: Со овие кои знаци ќе си поминете екстра, ама има и такви со кои треба да внимавате

Овен
Познати се по тоа што се пријателски расположени и сакаат да блеат по кафани. Под дејство на алкохол, тој ќе оди од еден до друг во друштвото, да провери дали сите имаат доволно алкохол. Ако немате, ќе ве части се додека не стигнете до неговото ниво на пијанство. Не се обидувајте да му проивречите, бидејќи на крај сепак, ќе успее да ве опијани. Колку и да негодувате, тој ќе најде начин добро да ве „подмачка“ и расположи.

Бик
Се верува дека се најверниот знак и дека се со вас, без разлика на било што. Ако ви треба добар навигатор за ноќен живот, тој е вистинскиот. Бидете внимателни со нив, зошто штом се напие, на Бикот веднаш му излегува на површина тврдоглавоста. Тој се преобразува тотално и прави хаос! Ако не му се допаѓа вашиот план за продолжетокот на ноќта, особено кога станува збор за алкохолот, тој ќе ги сврти сите на своја страна, се додека и вас не ве убеди по негово. Тие се можеби најлошиот знак со кој би се расправале во пијана состојба, бидејќи секоја кавга со пијан Бик може да ви биде последна.

Близнаци
Овој знак претставува двојност! Дали знаете колку е тешко е да се пие со таква личност? Близнаците не толерираат неодлучни луѓе, па затоа подобро ви е да знаете што точно ќе правите таа ноќ. Подгответе се целата вечер да акате во разни биртии и локали и обавезно имајте пари за такси, бидејќи тие не можат да поднесат да останат на едно место предолго, па реално е да се очекува дека ќе завршите во соседниот град, пијани и избезумени. Ако навистина сакате да се избегне ова, имајте план за цела вечер, а во него вклучете барем четири кафани или места каде досега не бил, за да не му биде досадно.

Рак
Тие се емотивни, па очекувајте плачење и по само три пива. Проблемот не е толку во пивото, туку што брзо се опива, па Ракот потоа сака да меша разни пијачки. Тој ќе ви покаже спектар на емоции во една вечер, ќе се смее половина час, само за на крај да ви ја расипе вечерта со плачење и исповед. Поради сето ова, излегување и алкоолизирање со нив, не е секогаш добра идеја.

Лав
Лавовите не ги задржуваат своите мисли, без оглед на тоа дали се навредливи. Со алкохол Лавот зборува ко навиен и нема да затвори уста. Бидете внимателни ако влетате со него во бар во текот на „happy hour“, тогаш излегува нивата скриена природа – иста како на вистинскиот лав. Тој се пијани и прави хаос. Од друга страна, пак, да не е така, со него би било досадно, така што препуштете му се на лудилото и барем направете луди фотографии од вечерта.

Девица
Редовни гости се во локалното кафанче, каде се леат со вино сами на крајот на шанкот, по напорниот ден во канцеларијата. Секогаш за пиењето изговор му е стресот, а за овие сеанси ќе ви каже дека се лековити и дека, всушност, го одржуваат во живот. Тие не се баш идеални партнери за пиење. Обожаваат да се начукаат, па да направат карамбол во некое од елитните места во градот. Ако сте во потрага по екстравагантна ноќ, нема подобар од Девицата. За секое ваше заедничко излегување ќе прераскажувате со години!

Вага
Вага е еден од најдобрите ликови за в кафана. Тие се типови кои сакаат да излегуваат и да пивуцкаат и секогаш сакаат сите да се забавуваат. Тие остануваа со ладна глава, па може да сметате дека ќе ви го чуваат грбот ако дојде до некакво недоразбирање во кафаната. Кога луѓето почнуваат да се расправаат, секогаш ги помирува и игра судија. Тој обожава да части и да пие како утре да нема утре.

Стрелец
Бидете внимателни кога пиете со Стрелците, јазикот им е долг, а по природа се фалбаџии. Алкохолот и гневот не треба да се мешаат, така што мора да внимавате што зборувате околу нив. Тие се идеални ако баш тој ден кога ќе излезете имаат многу пари во нив. Во овој случај, ќе пиете ко шефови и ќе частите келнерки, ќе вриштите од смеа и утредента ќе ви биде срам. Со секоја наредна пијачка, правопропорционално им расте и желбата за флерт. Во секој случај, кога ќе одите во кафана, барајте Стрелец.

Јарец
Jaрците се воглавно добри другари за в кафана, бидејќи знаат да се прилагодат на ситуацијата и секогаш да најдат начин да бидат главни на журката. Дрски и полни со самодоверба, тие сакаат да доминираат, па ако им овозможите мегдан да се покаже, ќе ви биде благодарен. Тие се најчесто безгрижни пријатели кои само сакаат квалитетна шега. Не ги интересира кој, што, кога и каде, туку само колку пиво има за пиење.

Водолија
Бидете внимателни кога пиете со Водолија, затоа што во еден момент може се да си тече мазно, но ако ја изнервирате, таа ќе ви испие се! Луѓето од овој знак пијат брзи и кратки пијалаци. Можат да бидат со променлив карактер, што го прави излегувањето и локањето со нив искуство за медал. Но, со нив барем знаете на што сте. Ако ја поминете првата половина од вечерта без инциденти, остатокот од забавата ќе биде опуштен. Алкохолот кај нив ги нагласува емоциите, но тие се всушност навистина добри луѓе!

Риби
Рибите ги покажуваат најекстремните емоции, што ги прави многу интересни. Бидете претпазливи на нивните промени во расположението, бидејќи само еден дополнителен удар може да ги исфрли од рамнотежа. Во тој момент може да се соблечат и да го расфрлаат целиот инвентар преку прозорец. Кога сакате да излезете на спонтан пијалок, Рибите треба да ви бидат први на кои би им ѕвонеле, бидејќи тие се личности кои повеќе би сакале први да почнат со танцување и лудило, отколку да седат и чекаат забавата да почне.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top