| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Ви ги знаeме плановите, не помислувајте на насилство

ilija

– Не сакам да зборувам за нивните планови иако ги знаеме. Само ќе апелирам да не влегуваат во кршење на Деловникот и во кршење на Република Македонија. Криење на политичките договори кои засегаат во унитарноста и во уставноста на државата веќе не е возможно. Никој веќе нема да им дозволи да работат на тој начин на штета на граѓаните – изјави Илија Димовски на прес-конференција, која се одржа во Собранието за време на паузата од собраниската расправа.

– Видовме класичен обид за грубо кршење на Деловникот и за одземање на најсветото право на пратениците – правото на говор, што е обид за кршење на повеќе од 200.000 граѓани, кои секојдневно протестираат за нивните ставови да бидат искажани во Собранието – рече Димовски.

Тој дополни дека ова досега е невидено во Собранието. Како што рече, „сакаме да упатиме апел да не се обидува никој да прави политичко насилство во Собранието и да остави процедурите да течат“.

Димовски повтори дека веќе укажале дека од ВМРО-ДПМНЕ имале информации дека СДСМ ќе се обиде да направи груб обид да ги спречат пратениците да говорат и додаде дека на тој обид денес се приклучиле и пратениците од ДУИ.

– Никогаш не била прекината расправа на Собранието како што денес тоа го направи СДСМ. Ова зборува за класичната постизборна измама со прифаќањето на платформата од Тирана. Тие сакаат да ги скријат работите и да не видат граѓаните какво предавство извршиле. Доколку СДСМ не се јавува толку често за процедурално, денес можеби ќе бевме на десетиот говорник и затоа не ги прифаќаме обвинувањата дека ние ја блокираме работата на Собранието – рече Димовски.

Тој одговори дека постои голем суштински проблем меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, а тој суштински политички проблем постои и меѓу СДСМ и ДУИ за што како доказ го посочи синоќешното гостување на пратеници од двете партии на телевизиска емисија.

– Имаме политички договор, кој никој не го видел со елементи кои излегуваат надвор од Уставот. Ништо од сето тоа не беше предмет врз кој СДСМ доби легитимитет на изборите – додаде Димовски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top