Утринава неколку лица кои биле на обука за полицајци во академијата во Скопје се пожалиле на болки во стомакот и мачнина. Од Службата за Итна медицинска помош информираат дека околу осум часот утринава добиле повик дека на три лица од академијата им се слошило и веднаш биле пратени нивни екипи на терен.
Во меѓувреме уште 19 други лица се пожалиле на тегоби во стомакот. Лекарите од Брза помош прегледале вкупно 22 лица, но само кај тројца биле констатирани симптоми на труење најверојатно со храна и истите биле пренесени на Инфективната клиника.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.