| четврток, 6 декември 2018 |

Столтенберг до Иванов: НАТО нема да се меша во внатрешните работи на Македонија (ИНТЕГРАЛНО)

jens-stoltenberg-640x352

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред околу десетина дена му испратил писмо на претседателот Иванов кое го објави Канал 5. Во прилог интегрално писмото на Столтенберг до македонскиот претседател:

„Почитуван господине Претседател,

Ви благодарам за писмото од 7 март, во кое се обративте во врска со политичката криза во Вашата земја.

НАТО вложуваше во безбедноста и стабилноста на Западниот Балкан подолго од две децении и обезбедува постојана помош и поддршка за поширокиот регион. Ние им придаваме големо значење на политичките случувања во Вашата земја, сметајќи ве за кандидат за членство во НАТО. Ние сакаме вашата земја да ја видиме како дел од еден просперитетен, стабилен, демократски регион, а понатаму и на патот кон Евроатлантската интеграција.

Сигурно се сеќавате на мојата изјава од 26 февруари, во која зборував за декларацијата од Самитот на НАТО во Варшава, каде ги поттикнував сите политички лидери од ПЈРМ  во целост да ги исполнат своите обврски од Договорот од Пржино, како рамка за одржливо решение за политичката криза. Исто така, ги повикав властите во Скопје да го извршат следниот чекор од демократскиот процес и апелирав до сите партии да се воздржат од изјави и иницијативи.

Изборите на 11 декември беа суштински и многу важен чекор во разрешувањето на кризата. НАТО нема интерес да се меша во внатрешните политички процеси на Вашата земја и ние нема да заземеме страна. Но нам ни е од интерес, со нашите партнери и земјите-кандидатки, да ги поддржуваме политичките вредности и принципите врз кои се заснова оваа Алијанса. Сега одговорноста им припаѓа на сите политички лидери во Скопје да го испочитуваат исходот од демократскиот процес и брзо да се премине кон формирање на функционална и извршна влада, во чиј фокус ќе биде продолжување на итните реформи и работење во корист на сите граѓани.

НАТО Сојузниците на средбата одржана на 14 март изразија сериозна загриженост за политичката ситуација. Тие апелираа до сите политички партии да се однесуваат согласно прифатените политички процесии и да ги почитуваат законите. Со повторување на повикот, барам од Вас, г. Претседателе и другото политичко раководство во Скопје, да ги поддржите воспоставените демократски норми и да се почитува Уставот. Исто така, ги повикувам сите партии да се воздржат од говори за поделба и да избегнуваат подгревање на етничките тензии. Како што слушнавте, од неодамнешната посета во регионот на високиот претставник на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателот на Европската комисија, Федерика Могерини, НАТО и ЕУ се согласни во врска со овој проблем.

НАТО се уште се држи до политиката Отворена врата и посакуваме Вашата земја да ја видиме што е можно побрзо во Алијансата, согласно нејзините заеднички вредности и принципи.

Со почит,

Јенс Столтенберг

Неговата екселенција
Д-р Ѓорѓе Иванов
Претседател на Поранешна Југословенска Република Македонија
Скопје“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top