Малезија донесе закон за спречување на сексуалните деликти врз децата, со кој, меѓутоа, не се забрануваат детските бракови, а еден пратеник во текот на дебатата изјави дека девојчињата од деветгодишна возраст „физички и духовно“ се подготвени за брак.
-Тие влегуваат во пубертет со девет или 12 години. И во тој момент нивното тело веќе е такво како да имаат 18 години. Така што физички и духовно, тоа не е пречка за мажење на девојчињата, изјави Шабудин Јахаја во Парламeнтот, пренесуваат британските медиуми.
Тој, исто така, кажа дека не гледа „ништо лошо“ во тоа жртвата на силување да се омажи за својот силувач, бидејќи на тој начин таа не би се соочила со „неизвесната иднина“.
Овие изјави го предизвикаа гневот на корисниците на социјалните мрежи, а некои опозициски политичари побараа негово исфрлање од Парламентот.
Шабудин денеска кажа дека неговите зборови биле извадени од контекст и дека бракот не е обид на мала врата да се легализира силувањето.
Тој изјави дека го одбил предлогот за забрана на детските бракови бидејќи тоа е во спротивност со одредбите од шеријатскиот закон.
Новиот закон предвидува казни за допирање и спријателување со деца како увод во сексуално злоставување, а предвидено е и воспоставување на специјален суд за брзо процесуирање на ваквите случаи.
Максимално изречената казна може да биде до 30 години затвор и шест удари со камшик за создавање, поседување и дистрибуирање на детска порнографија.
Со судски пресуди досегa завршиле само 140 од вкупно 12.987 случаи на сексуално злоставување деца, а во полиција биле пријавени во периодот од 2012 до јули 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст